• недела, 22 декември 2024

Вработен во Амбасадата на Молдавија во Москва ќе биде протеран

Вработен во Амбасадата на Молдавија во Москва ќе биде протеран

Москва, 29 март 2024 (МИА) - Официјална Москва одлучи на неодамнешното протерување на вработени од Руската амбасада во Молдавија да одговори со одмаздничка мерка и да протера вработен од Молдавската амбасада во Москва, соопштено е денеска од руското Министерство за надворешни работи.

По тој повод, амбасадорот на Молдавија во Москва, Лилијан Дари, денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

„На Дари му е врачена нота во која се наведува дека Русија го прогласува вработениот во Молдавската амбасада за персона нон грата како одмазда за неоправданото протерување на вработен во Руската амбасада во Кишињев“, се наведува во соопштението.

Молдавија протера руски дипломат поради отворањето на избирачките места за претседателските избори во Русија во прорускиот отцепен регион Придњестровје, оценувајќи дека во прашање е непочитување на суверенитетот на Молдавија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан