• петок, 22 ноември 2024

Вработените во Боинг го одбија понуденото зголемување на платата и се изјаснија за штрајк

Вработените во Боинг го одбија понуденото зголемување на платата и се изјаснија за штрајк

Лос Анџелес, 13 септември 2024 (МИА) - Механичарите вработени во компанијата „Боинг“ најавија дека ќе штрајкуваат бидејќи го отфрлиле договорот со кој во следните четири години ќе им се зголемат платите за 25 отсто.

Меѓународната асоцијација на механичари и работници во воздухопловството соопшти дека 94,6 отсто од работниците гласале за отфрлање на договорот, а 96 отсто гласале за штрајк. За организирање на штрајкот им беа потребни две третини гласови од вкупно 33.000 работници во компанијата.

Штрајкот е само еден од низата предизвици за новата генерална директорка, Кели Ортберг, која пред шест недели доби задача да ја заживее компанијата, која во последните шест години изгуби повеќе од 25 милијарди долари и сериозно заостанува зад европскиот ривал „Ербас“.

Ортберг ги предупреди механичарите дека гласањето за штрајк ќе го загрози закрепнувањето на „Боинг“ и ќе предизвика дополнителни сомнежи за компанијата во очите на клиентите.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан