• недела, 22 декември 2024

Во Њујорк поради поплавите прогласена вонредна состојба

Во Њујорк поради поплавите прогласена вонредна состојба

Вашингтон, 29 септември 2023 (МИА) – Во Њујорк денеска е прогласена вонредна состојба откако голем дел од областа беше поплавена поради невремето.

Поради надојдената вода затворено е метрото и еден терминал на аеродромот ЛаГвардија, а поголем број од патиштата се под вода.

- Оваа бура е опасна по живот. Прогласувам вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон. Сметајте на ова во следните 20 часа, изјави гувернерката на Њујорк, Кети Хочул.

Властите издадоа предупредување за поплави во Менхетен, Бруклин и Квинс. ми/

фото: Х

Остани поврзан