• петок, 05 декември 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

Скопје, 25 август 2025 (МИА) - Во јуни годинава во земјава вкупно се потрошени 296.651 мегават часови електрична енергија, 8,334 милиони нормални кубни метри природен гас, 357.500 тони јаглен и 101.113 тони нафтени продукти.

Според податоците од Државниот завод за статистика, 100 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,9  отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на струја.

Во споредба со минатогодишниот јуни потрошувачката на природен гас е намалена за 54,9 отсто, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки, додека потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 9,5 проценти.вј/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан