• недела, 22 декември 2024

Во јули сообраќајната полиција утврдила 1.914 неправилности во тетовскиот регион

Во јули сообраќајната полиција утврдила 1.914 неправилности во тетовскиот регион
Тетово, 12 август 2022 (МИА) - Во текот на јули годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово - Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во тековни редовни и 24 акциски контроли вкупно откриле и законски санкционирале  1.914 различни видови неправилности. Во контролните активности, реализирани минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај биле исклучени 53 возила, од кои 43 поради истечена регистрација до и над 30 дена и 10 поради утврдена техничка неисправност. -Во јули, исто така, од сообраќај биле исклучени и 208 возачи, од кои 133 управувале без возачка дозвола, 25 под дејство на алкохол, 33 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, шест со несоодветна категорија и 11 со важечка забрана за управување, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени 33 возила заради истечена регистрација повеќе од шест месеци и бучавост, 48 возачки  и 32 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 448 непрописно паркирани возила.ас/вј/

Остани поврзан