• среда, 01 јануари 2025

Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа

Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа

Сеул, 29 декември 2024 (МИА) - Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок, прогласи седумдневна национална жалост до 4 јануари 2025 година, поради авионската несреќа во која загинаа најмалку 179 луѓе.

По вонредниот состанок на државниот врв, Чои ја објави одлуката за прогласување на неколкудневна национална жалост.

Во авионската несреќа на патнички авион Боинг 737-800 на јужнокорејската компанија Чеџу Ер на релација од Бангкок до Муан, со 181 лице, две лица се спасени и пренесени во болница. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан