• среда, 15 јануари 2025

Во Јужна Африка две третини од убиствата не се решени

Во Јужна Африка две третини од убиствата не се решени

Јоханесбург, 11 август 2024 (МИА) -  Две од три убиства во Јужна Африка остануваат нерешени поради недоволно докази или траги, според официјалните податоци објавени денеска од владејачката партија.

Полицијата без резултат затвори повеќе од 76.000 од речиси 115.000 случаи на убиства што беа регистрирани во земјата помеѓу 2018-2019 и декември 2023 година, покажуваат податоците објавени од Демократската алијанса (ДА) од десниот центар.

„Бројката е впечатливо висока“, рече пратеничката Лиза Шикерлинг.

„Ова делумно се должи на недостигот на обучени инспектори, што само по себе е резултат на недостигот на финансии“, изјави таа.

Според неа, инспекторите се „затрупани од работа“. 
„Повеќето од нив имаат меѓу 350 и 500 случаи“, рече Шикерлинг.

Убиствата не се единствените злосторства што остануваат нерешени.

Повеќе од 61.000 случаи на силување и 9.000 киднапирања исто така се затворени без резултат во истиот период, покажаа податоците дадени на ДА од страна на министерот за полиција по барање на Парламентот. зш/

Остани поврзан