Во Јужна Америка од последици од Ковид-19 починаа еден милион луѓе
- Јужна Америка и Карибите е регион со највисока стапка на смртност од последици од Ковид-19. Бројот на смртни случаи достигна еден милион

Рио де Жанеиро, 22 мај 2021 (МИА) - Јужна Америка и Карибите е регион со највисока стапка на смртност од последици од Ковид-19. Бројот на смртни случаи достигна еден милион.
Најголем број на починати од последици од Ковид-19 регистрирани се во Бразил, над 446.000, со што земјата е на второ место по САД.
Бразил со 16 милиони заразени луѓе е на трето место, по Индија и САД. ми/