Во Јужен Судан распоредени угандски специјални армиски сили за да се заштити Владата на Мајардит
- Специјални армиски сили на Уганда се распоредени во главниот град на Јужен Судан, „за да ја поддржат Владата на Јужен Судан“ против евентуалното напредување на бунтовниците кон Џуба

Џуба, 11 март 2025 (МИА) – Специјални армиски сили на Уганда се распоредени во главниот град на Јужен Судан, „за да ја поддржат Владата на Јужен Судан“ против евентуалното напредување на бунтовниците кон Џуба.
Портпаролот на угандската армија генерал-мајор Феликс Кулајџије наведе дека распоредените сили не се во мировна мисија во Јужен Судан.
Уганда го поддржува претседателот Салва Кир Мајардит во пресметката со потпретседателот Риек Мачар, кој ја има поддршката од бунтовничката група Бела армија.
Јужен Судан, од 2011 година, кога се отцепи од Судан, се соочува со политичка нестабилност и насилство. Кон крајот на 2013 година конфликтот помеѓу Мајардит и Мачар прерасна во етнички борби. Со посредство на регионалните лидери од Африка и меѓународната заедница, Мајардит и Мачар потпишаа мировен договор во 2018 година. Мачар се врати во Џуба како потпретседател, но нивното непријателство останува пречка за траен мир во Јужен Судан. ми/
фото: МИА архива