• петок, 20 декември 2024

Во Јапонија најжешко лето досега

Во Јапонија најжешко лето досега

Токио, 1 септември 2023 (МИА) - Јапонија го забележа летото со највисока просечна температура во последните 125 години, објави Националната метеоролошка агенција, пренесоа британските медиуми.

Врз основа на мерењата на 15 локации во земјата од јуни до август, просечното температурно отстапување беше +1,76 Целзиусови степени, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА). Ова го надминува претходниот рекорд од +1,08 степени во 2010 година.

Податоците од ЈМА датираат од 1898 година.

Просечните температури беа значително повисоки во северните, источните и западните делови на земјата, пренесува Агенцијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан