• четврток, 26 март 2026

Во Штип се чествува празникот „Свети Кирил и Методиј“

Во Штип се чествува празникот „Свети Кирил и Методиј“

Штип, 24 мај 2025 (МИА) – Со положување цвеќе пред спомен обележјето на сесловенските просветители Кирил и Методиј од страна на делегации од Општина Штип, државни институции, политички партии и здруженија на граѓани денеска во Штип се одбележа Денот на сесловенските браќа Св. Кирил и Методиј“. 

- Словенскиот свет со векови ги ползува големите дела од светите браќа Кирил и Методиј кои себе си се вградија во темелите на богатата словенска историја подарувајќи им ја писменоста на Словените. Втората половина на деветтиот век е времето кога започнуваат големите и значајни мисии на браќата, истакна наставникот Владимир Илиевски.

Голем број верници денеска ја посетија црквата „Свети Кирил и Методиј“ во штипската населба Баби каде имаше лицитација на икони, а собраните средства се наменети за доизградба на црквата. Како што посочија од Црковниот одбор, финансиските средства се потребни повеќе од било кога, за да може црквата да се дозигради и освети. Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во населбата Баби во Штип се гради три децении, со средства кои се собираат или од донации. Целта е жителите од оваа населба да имаат свој храм. вдј/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан