• четврток, 11 април 2024

Во Штип се сообраа над 500 извидници по повод Светскиот ден на извидниците

Во Штип се сообраа над 500 извидници по повод Светскиот ден на извидниците

Штип, 24 февруари 2024 (МИА) - По повод  Светскиот ден на извидниците, денеска во Домот на млади во Штип се одржа централната прослава. Учество земаа 520 извидници  и 60 волонтери од тринаесетина градови од државата. Дарко Тошиќ од извидничкиот одред во Штип рече дека одбележувањето на самиот ден се заокружува со три паралелни настани - изложба, крводарителска акција и запознавање на историјатот за Штип, а се реализираат во просториите на Дом на млади – Штип.

- Околу 500 изводници ширум земјата ќе одат да посетат девет културни точки за запознавање на град Штип. И секако имаме галерија, односно имаме изложба на стари фотографии, опрема и униформи, сето она што е карактеристично за извидниците. Посетителите ќе имаат можност да ги забележаат и воочат разликите од пред 50 години, па се до денес, како еволуирало извидништвото и што е она што го задржуваме. Паралено на тоа се организира традиционална крводарителска акција за нашиот град, вели Тошиќ

Извидниците од Прилеп и Свети Николе велат дека се  задоволни од организацијата.

-Ние доаѓаме од извидничкиот одред „Феникс" од Прилеп, дојдовме околу 40 извидници. Да има интерес за млади извидници посебно кај тинеџерите, има многу заинтересирани, па затоа сме во таков голем број, вели Андреа Николиќ, извидник од ,,Феникс"- Прилеп.

Централната прослава лани беше реализирана во Прилеп. Од денешната изложба и продажбата на предмети ќе се собираат средства со кои ќе се реконструира просторијата на штипските извидници, која се наоѓа во Домот на млади. вдј/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан