• недела, 22 декември 2024

Во Штип регистрирани два случаи на семејно насилство

Во Штип регистрирани два случаи на семејно насилство

Штип, 22 јуни 2024 (МИА) - Два случаи на семејно насилство се евидентирани во изминатите 24 часа на територија на СВР Штип. Во билтенот на МВР се наведува дека  денеска во раните утрински часови или поточно  во 02:40 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 32-годишниот Е.С. од Штип затоа што околу 01:40 часот во дворот од семејната куќа во Штип агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговите татко, брат и снаа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вториот случај на семејно насилство е регистриран синоќа, кога маж ја нападнал поранешната партнерка во Штип.

 -Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 32-годишниот штипјанец Д.С. затоа што околу 18:30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата поранешна 26-годишна партнерка од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се вели во соопштението од МВР. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан