• петок, 03 мај 2024

Во Штип, Пробиштип, Карбинци и Свети Николе мирен изборен ден

Во Штип, Пробиштип, Карбинци и Свети Николе мирен изборен ден

Штип, 24 април 2024 (МИА) -Тивко и мирно е на гласачките места во Општина Штип. Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев вели дека до 17 часот на 74 избирачки места гласале 19.066 гласачи или 46 проценти од избирачите на избирачкиот список. Истакнува дека до нив не се пристиганти поплаки и забелешки од членовите на избирачките одбори.

Во Општина Карбинци излезноста во 17 часот е 44,91 процент. Во Свети Николе гласале 50,56  проценти од вкупниот број на избирачи, а во Пробиштип 56,14 проценти. Претседателот на ОИК-Штип, Вацев вели дека се очекува поголема фреквенција на избирачи на гласачите места по 18 часот. вдј/лв/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан