Во Штип предавање на тема „Вештачката интелегенција во функција на наставата“
- Мора да се комбинира традиционалниот пристап на настава со современата технологија, за да се има попродуктивни резултати при едукацијата на учениците и студентите, ова е ставот на Даниела Коцева продеканка од Факултетот за образовани науки (ФОН) при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Професорите и студентите од овој факултет денеска имаа предавање на тема „Вештачката интелегенција во функција на наставата“.
Штип, 23 април 2025 (МИА) – Мора да се комбинира традиционалниот пристап на настава со современата технологија, за да се има попродуктивни резултати при едукацијата на учениците и студентите, ова е ставот на Даниела Коцева продеканка од Факултетот за образовани науки (ФОН) при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Професорите и студентите од овој факултет денеска имаа предавање на тема „Вештачката интелегенција во функција на наставата“.
-Факт е дека вештачката интелегенција нуди предности, но има и слабости во користење на истата, како една од предностите да се користат многу современи алатки, за унапредување на перформансите постојат индивидуални алатки кои го потпомагаат учењето кај учениците, меѓутоа може да предизвикаат инхибирање на критичкото мислење и размислување кај самите ученици, како и да се намали и интерацијата, социјализацијата на самите деца што може и да биде еден од предизвиците, вели Коцева.
Универзитетскиот професор на ФОН при УГД-Штип, Трајче Стојанов вели дека вакви предавања ќе имаат во наредната година, а професорите и студентите ќе учат и запознаваат стручњаци од земјава и странство во областа на примената на вештачката интелегенција во образованието. Посочи дека областа вештачка интелегенција во областа на образование се уште не е доволна позната, како и што таа може да понуди.
-Идејата на овие настани е да се биде во тек со најновите научни случувања, значи не само она што е релеватно во научниот свет, туку и она што има општествена релеватност. Затоа што вештачката интелегенција како тема, како проблем ја засега не само научната и образованата јавност, туку и општата јавност, вели Стојанов.
Д-р Марина Василева Конел, водечки ЕдТех СТЕМ стратег од Проектот на Азиската развојна банка, од Единбург, Шкотска, Велика Британија вели дека идните генерации не треба да бидат корисници на вештачката интелегенција, туку да развијат вештини, коишто ќе им помогнат да ја обликуваат, според нивните потреби и на човештвото.
- Ако Македонија успее да произведува кадри кои ќе ја обликуваат вештачката интелегенција и ќе имаат вештини, тие да кажуваат што треба и како да ја креираат, мислам дека тогаш ќе имаме вистинска корист од вештачката интелегенција, вели Василева Конел. вдј/дма/
Фото: МИА