Во Штип за една недела пријавени 110 пациенти заболени од грип
- Во третата недела од 2026 година, во Општина Штип пријавени се 110 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 85 лица се на возраст од 15-64 години, 12 лицa се кај деца на возраст од 5-14 години, осум случаи и во возрасната група од 0-4 години и две заболени лица се пријавени во возрасната група над 65 години, информираат преку писмиено соопштение од Центарот за јавно здравје-Штип.
Штип, 23 јануари 2026 (МИА) - Во третата недела од 2026 година, во Општина Штип пријавени се 110 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 85 лица се на возраст од 15-64 години, 12 лицa се кај деца на возраст од 5-14 години, осум случаи и во возрасната група од 0-4 години и две заболени лица се пријавени во возрасната група над 65 години, информираат преку писмиено соопштение од Центарот за јавно здравје-Штип.
Во соопштението се наведува и дека бројот на пријавени случаи на грип и болести слични на грип оваа недела бележи зголемување за 16 отсто во однос на претходната недела.
-Почнувајќи од 40 недела, заклучно со третата недела од 2026 година, во општина Штип пријавени се вкупно 377 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, во возрасната група од 0-4 години пријавени се 19 лица, на возраст од 5-14 години пријавени се 56 лица, на возраст од 15-64 години пријавени се 275 лица и во возрасната група над 65 години пријавени се 27 заболени лица. Дистрибуција на случаите од сезонски грип/ заболувања слични на грип по месеци: октомври – 16 случаи, ноември – 40 случаи, декември – 56 случаи, јануари – 265 заклучно со 3 недела. Се забележува зголемување на бројот на заболени од грип/состојби слични на грип овој месец во споредба со претходните три месеци, информираат од Центарот за јавно здравје-Штип.
Во однос на неделно ниво се забележува зголемување на процентот на регистрианите случаи на грип и болести слични на грип од претходната недела за 16 отсто.
-Согласно овие податоци во општина Штип, бројот на заболени од грип/ состојби слични на грип е на ниво на висока сезонска активност на вирусот, се вели во соопштението од Центарот за јавно здравје-Штип. вдј/дма/
Фото: МИА