Во Штип викендов по вторпат „Модни денови“
- Во Штип по вторпат ќе се органзиираат „Модни денови“. Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова на денешната прес-конференција рече дека Општина Штип настанот ќе го реализира овој викенд, односно во петок и сабота. Посочи дека целта е помалите брендови да бидат видливи од поголемите фирми, а со тоа да имаат пласман во државата и странство.
Штип, 8 октомври 2025 (МИА) – Во Штип по вторпат ќе се органзиираат „Модни денови“. Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова на денешната прес-конференција рече дека Општина Штип настанот ќе го реализира овој викенд, односно во петок и сабота. Посочи дека целта е помалите брендови да бидат видливи од поголемите фирми, а со тоа да имаат пласман во државата и странство.
-Овој викенд во петок и сабота или поточно на 10 и 11 октомври ќе се одржи втор пат во контиуитет „Shtip fashion days“. Овој настан е во целосна организација на Општина Штип и на него ќе се претстават академската зедница, помалите брендови и поголеми текстилни компании. Овој настан е со цел да се вмрежи овој сектор односно помладите да бидат видливи за поголемите компании, а поголемите компании да добијат поголем пласман не само во државата, туку и надвор од неа. Настанот и двата дена ќе започне во 19 часот, изјави Шорова-Ангелова.
Таа додава дека настанот е од отворен карактер и може да го посети секој кој е заинтересиран и сака да ужива во модните ревии кои се планирани за овој викенд.
-На настанот ќе имаме модни ревии од десет брендови, или поточно ќе учествуваат три универзитети, студентите ќе ги престават своите колекции, четири помали брендови и три поголеми компании. Таму ќе бидат презентирани дизајните од нивните колекции есен- зима 2025 година, вели Шорова-Ангелова.
Во „Модни денови“ во Штип вклучени се и инфлуенсери со цел манифестацијата да добие поголема видливост. вдј/сст/
Фото: МИА