• понеделник, 20 мај 2024

Во штипскиот регион активни два пожари

Во штипскиот регион активни два пожари

Штип, 10 октомври 2023 (МИА) - Пожарот меѓу штипските села Калапетровци и Кошево е под контрола, пожарникари на ТППЕ-Штип во текот на ноќта дежурале на терен, информира за МИА командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев.

Според првичните информации во текот на вчерашниот ден огнената стихија зафатила над 70 хектари мешана шума, нискостеблести растенија, а во гаснењето на пожарот беа вклучени десеттина пожарникари, двата ер трактори и полициски хеликоптер.

-Станува збор за непристапен терен, а според дежурната екипа се уште гори на едно место, вели Коцев.

 Тој за МИА истакна дека утринава имаат и нов пожар на планината Серта во атарот на штипското село Селце.

-Во атарот на штипското село Селце имавме голем пожар за време на викендот, сега ова е нов пожар. Во тек се координации со Центарот за управување со кризи, како да се делува на двете локации, со нас изминатите денови се и вработените од шумското претпријатие, вели Коцев.

Тој апелира да не се палат пасиштата и страништата, бидејќи страдаат и се уништуваат големи површини на шума. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан