• недела, 22 декември 2024

Во штипскиот ЗОО парк преземени се сите мерки за заштита на птиците од птичји грип

Во штипскиот ЗОО парк преземени се сите мерки за заштита на птиците од птичји грип

Штип, 24 октомври 2024 (МИА) - Преземени се сите неопходни мерки и активности за претпазливост во штипската Зоолошка градина, откако болеста птичји грип се појави во скопската Зоолошка. Ветеринарот Зоран Божиков вели дека за штипскиот ЗОО парк за сега нема простор за паника, бидејќи не се внесуваат животни од надвор и постојано се следи ситуацијата на живината.

-Ние сме во постојана комуникација со инспекторите од АХВ, извршена е проценка на ризик и епидемиолошки испитувања во врска со болеста и врз основа на Правилникот на мерки за заштита и сузбивање на болести констатирано е дека нема потреба од формирање на други зони за забрана. Само што дознавме дека има случај на птичиј грип во Скопје, зголемено е нивото на хигиена и забрането е внес и изнес на сѐ што е во врска со живина и птици, вели Божиков.

Вирусот се пренесува брзо и лесно преку допир, и има висока стапка на смртност. Во ретки случаи вирусот може да се пренесе и кај човекот. Затоа бурно се следи живината во ЗОО паркот Бриони во Штип, со цел да не се појави птичијот грип и овде.

- Висрусот предизивикува не само здравствени проблеми, туку и големи економски проблеми, бидејќи според некои статистики  за 48 до 72 часа смртноста може да достигне до 100 проценти, рече Божиков.

Бројот на живина во штипскиот ЗОО парк постојано варира, но има околу 40 кокошки, шатки, патки и други птици. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан