Во Шпанија разбиена криминална мрежа која принудувала мигранти да работат во робовски услови
- Полицијата уапси 11 лица и идентификуваше повеќе од 300 потенцијални жртви, од кои најголемиот број се од Непал
Мадрид, 4 декември 2025 (МИА) – Шпанската полиција разби криминална мрежа обвинета за принудување на стотици мигранти да работат на фарми во источна Шпанија во нехумани и робовски услови.
Полицијата уапси 11 лица и идентификуваше повеќе од 300 потенцијални жртви, од кои најголемиот број се од Непал. Мигрантите влегле во Шенген зоната со туристички визи пред да бидат однесени во рурални области во шпанските покраини Аликанте, Валенсија и Сарагоса.
Мигрантите живееле во лоши простории, спиеле на подот и плаќале претерани суми за наем, транспорт и храна. Некои работеле 12 часа на ден, а во многу случаи воопшто не биле платени, соопшти полицијата. ми/мс/
фото: МИа архива