Во шест општини од Југоистокот ќе се изврши второ прскање против комарци
- Утре и на 17 овој месец во шест општини од Југоисточниот плански регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Струмица, 10 јули 2025 (МИА) - Утре и на 17 овој месец во шест општини од Југоисточниот плански регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Утре, во претпладневните часови, ќе се прска во Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Валандово и Дојран, а в четврток на 17 јули ќе се спроведе теристична дезинфекција против комарци во вечерните часови во истите општини.
Во соопштението од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се додава дека дезинсекцијата ќе се реализира со хемиски средства одобрени од надлежните институции, во согласност со сите пропишани здравствени, безбедносни и еколошки стандарди. Во случај на неповолни временски услови, активностите ќе бидат одложени и реализирани во прв следен поволен термин.
Од Центарот апелираат до пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелните кошници во наведените термини на прскање.рт/
Фото: МИА архива