• сабота, 21 декември 2024

Во Чешка утре е Ден на жалост заради масовното убиство на универзитетот во Прага

Во Чешка утре е  Ден на жалост заради масовното убиство на универзитетот во Прага

Прага, 22 декември 2023 (МИА) - Чешкиот премиер Петр Фијала соопшти дека владата донесе одлука 23 декември ( сабота) да биде Ден на национална жалост поради пукањето на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи го и напаѓачот. 

-Владата донесе заклучок во кој изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите и со едноминутно молчење на почетокот на владината седница им оддаде почит на жртвите од престрелката, рече Фијала синоќа, пренесен од чешките медиуми. 

Премиерот ги повика граѓаните на Чешка на 23 декември во 12 часот со едноминутно молчење да им оддадат почит на жртвите, додавајќи дека во тоа време ќе бијат и црковните ѕвона низ целата земја. 

Вчера на плоштадот Јан Плач во Прага се случи пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во кое според последните информации од полицијата загинаа 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека 24 се повредени. сд/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан