• недела, 22 декември 2024

Во Црна Гора увозот е седум пати поголем од извозот

Во Црна Гора увозот е седум пати поголем од извозот

Подгорица, 5 декември 2024 (МИА) – Црна Гора во првите десет месеци од годинава увезла стоки во вредност од 3,4 милијарди, а извезла седум пати помалку.

- Во споредба со истиот период лани, годинава извозот е помал за 15 отсто, а увозот поголем за повеќе од шест отсто, објави Монстат.

Растот на надворешнотрговскиот дефицит е негативна слика за црногорската економија, изјави економскиот аналитичар Мирза Мулешковиќ за Радио Слободна Европа (РСЕ).

- До октомври имавме само 14,1 отсто покриеност на увозот со извоз. Ова е историски минимум забележан во Црна Гора, истакна Мулешковиќ.

Тој смета дека во последните години ништо не е направено за развој на реалната економија.

До октомври лани покриеноста на увозот со извоз изнесувала 17,6 отсто.

Црна Гора најмногу увезувала од Србија, Кина и Германија. Земјата увезла храна за 600 милиони евра, а извезла 42 милиони.

- Имаме навистина огромен дефицит. Тоа е тажна, поразувачка слика за нашиот преработувачки сектор и земјоделството, изјави за РСЕ Милутин Ѓурановиќ, претседател на Одборот на Здружението на прехранбената и земјоделската индустрија во Стопанската комора.

Тој оцени дека степенот на покриеност на увозот со извоз нема да надмине шест до седум проценти. јт/

Остани поврзан