Во Црна Гора до 13 часот гласале повеќе од половина од избирачите
- До 13 часот гласале повеќе од 50 проценти од избирачите на парламентарните избори во Црна Гора, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Подгорица, 30 август 2020 (МИА) – До 13 часот гласале повеќе од 50 проценти од избирачите на парламентарните избори во Црна Гора, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Претседателот на ДИК, Алекса Ивановиќ изјави дека до 13 часот гласале 51,51 процент од гласачкото тело.
Тој исто така рече дека до ДИК не биле пријавени поголеми неправилности.
Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по прогласувањето на независност на земјата.
На парламентарните избори учествуваат шест коалиции и пет политички партии.
Парламентарните избори ќе ги следат 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски.
Право на глас во Црна Гора имаат 540.026 граѓани кои гласаат на 1.217 избирачки места. паг/