• понеделник, 23 декември 2024

Се одбележуваат 120 години од смртта на Гоце Делчев

Се одбележуваат 120 години од смртта на Гоце Делчев

Скопје, 4 мај 2023 (МИА) - Со панихида на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија во Скопје почна одбележувањето на 120 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. 

Во црквата „Св. Спас“ пристигнаа претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и бројни други делегации.

За разлика од 4-ти февруари годинава, кога на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев пристигна официјална делегација од Софија, сега такво нешто не е најавено. На прес-конференција во Софија, на 27 април годинава, в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков, рече дека не е постигнат договор со Република Северна Македонија за заедничко одбележување на смртта на Делчев на 4 мај, иако имало такви договори и практики во претходните години. 

Поради одбележувањето на 120-годишнината од смртта на Годе Делчев, од вчера во Скопје е воведен посебен сообраќан режим. бт/бак/

Остани поврзан