• петок, 14 јуни 2024

Во Црвена ѕвезда шокирани од лагите на Лесор, ќе го пријават за физички напад

Во Црвена ѕвезда шокирани од лагите на Лесор, ќе го пријават за физички напад

Белград, 14 март 2023 (МИА) – Раководството на Црвена ѕвезда реагираше на изјавата на кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор, кој тврди дека не го нападнал Филип Петрушев, туку се бранел.

 

Црвена Звезда е шокирана од лагите на играчот на Партизан и своевиден нов предводник на навивачите на јужната трибина Матијас Лесор.

 

- По оваа изјава, која беше бесрамна лага дека српскиот играч и играчот на Црвена Звезда, Филип Петрушев му „удрил и го оневозможил здивот“ на повредениот Матијас Лесор, можеби треба да му се извиниме на тој што среде Белград како гостин на привремен работа во Србија, со тупаници нападна српски репрезентативец.

 

„Срцепарателната“ (и невистинита) исповед на Матиас Лесор, кој не е првпат да предизвикува инциденти. Тој ќе има можност да ги повтори своите зборови пред надлежните органи, бидејќи според законите на Република Србија, каде што заработува (големи) пари, ќе биде должен да сведочи за физичкиот напад врз играчот Филип Петрушев, по што обвинителството ќе одлучи да отвори кривично дело.

 

Ја користиме оваа прилика да ја информираме јавноста дека во среда во зградата на МВР изјава ќе даде српскиот репрезентативец и играч на Црвена ѕвезда, Филип Петрушев, стои во соопштението на „црвено-белите“.

 

Црвена Звезда потсетува дека барале челниците на Јадранската лига да го дисквалификуваат Матијас Лесор до крајот на сезоната.

 

- За негобва жал, има видео како тој наводно „се бранел“ нанесувајќи му храбри удари со тупаница на противникот, додаваат од Црвена ѕвезда.

 

Матијас Лесор по завршувањето на вчерашното дерби тргна физички да се пресметува со Петрушев, при тоа два пати му зададе удари по телото. зс/

 

Фото: АБА

Остани поврзан