• вторник, 24 декември 2024

Во Центар Жупа правото на глас го остварија 29 болни и немоќни лица

Во Центар Жупа правото на глас го остварија 29 болни и немоќни лица
Дебар, 19 август 2022 (МИА) - Во општина Центар Жупа денеска, ден пред утрешното гласање за градоначалник, во домашни услови правото на глас го остварија 29 болни и немоќни лица. -Гласаа сите 29 лица на кои им беше одобрено барањето. Да потсетам добивме 32 барања, но три беа одбиени, бидејќи лицата не беа запишани во единствениот избирачки список, изјави за МИА, Неџип Илјаз,  претседател на Општинската изборна комисија. Оценува дека денешното гласање и распределбата на изборниот материјал минале без никаков проблем. - Утре во нашата општина ќе се гласа на 16 избирачки места, а правото на глас треба да го остварат 7.154 лица, или 77 гласачи повеќе од предвремените избори во април, додека пак споредено со редовните локални избори од октомври минатата година има 163 гласачи помалку. Како комисија ги презедовме сите потребни активности за еден нормален изборен процес, рече Илјаз. На гласачкото ливче се наоѓа само еден кандидат, предложен од политичка партија. вт/рп/

Остани поврзан