• петок, 22 ноември 2024

Во Центар Жупа денеска ќе гласаат 29 болни и немоќни лица 

Во Центар Жупа денеска ќе гласаат 29 болни и немоќни лица 

Дебар, 19 август 2022 (МИА) - Пред утрешниот, саботен изборен ден за градоначалник, во Општина Центар Жупа денеска, во домашни услови, правото на глас треба да го остварат 29 болни и немоќни лица. 

-Според утврдениот план, од 14 часот определените избирачки одбори ќе ги посетат 29-те болни и немоќни лица, за да го остварат правото на глас. Барања имавме од 32 лица, но на три од нив не им беа прифатени истите бидејќи не беа запишани во единствениот избирачки список, изјави за МИА, Неџип Илјаз,  претседател на Општинската изборна комисија.  

Споредено со повторените избори на 17 април годинава, бројот на оние кои денеска ќе гласаат е помал за 28,  додека со редовните локални избори, на 17 октомври минатата година е поголем за 11 лица.  

-Утре правото на глас треба да го остварат 7.154 лица, или 77 гласачи повеќе од предвремените избори во април, додека пак споредено со редовните локални избори од октомври минатата година има 163 гласачи помалку. Како комисија ги презедовме сите потребни активности за еден нормален изборен процес, рече Илјаз.  

Во оваа општина ќе се гласа на 16 избирачки места а во гласачкото ливче е само еден кандидат. вт/дма/

Остани поврзан