• четврток, 26 март 2026

Во Хрватска уапсен педофил, кој водел онлајн група со 250 членови од различни земји

Во Хрватска уапсен педофил, кој водел онлајн група со 250 членови од различни земји

Загреб, 24 октомври 2025 (МИА) – Во меѓународна акција во Хрватска е уапсен 29-годишен маж под сомнение дека сексуално малтретирал деца и водел онлајн педофилска група, која имала над 250 членови од различни држави.

Приведениот е осомничен дека подолг период сексуално злоупотребувал девојче, а креирал и дистрибуирал и содржини од сексуално малтретирање на деца.

- Со пребарување на уреди и медиуми за складирање на дигитални податоци, пронајдени се повеќе од 250 фотографии и видеа што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца, а преку комуникација преку социјалните мрежи и апликации за разговор што овозможуваат моментална анонимна онлајн видеокомуникација, тој воспоставил контакт од сексуално експлицитна природа со најмалку 20 жртви во Хрватска и десетина жртви од други земји, објави хрватското Министерство за внатрешни работи.

Утврдено е дека осомничениот сторил уште пет кривични дела искористување на деца за порнографија и повреди на приватноста на децата.

Кривичната истрага е сè уште во тек за да се идентификуваат сите потенцијални жртви и да се соберат дигитални докази. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан