• вторник, 01 октомври 2024

Во Хрватска се превртел автобус со албански регистарски таблички, едно лице загина, неколкумина се повредени

Во Хрватска се превртел автобус со албански регистарски таблички, едно лице загина, неколкумина се повредени
Тирана, 26 февруари 2023 (МИА) - Едно лице го загубило животот, додека неколкумина се повредени откако автобус со албански регистарски таблички се превртел на автопат во Хрватска.
 
- Несреќата се случила на автопатот А-1, во правец на север, кај клучката Бриње, синоќа во 23 часот и 43 минути, кога автобусот со албански регистерски таблички удрил во ограда и се превртел на левата страна, јавија албанските медиуми повикувајќи се на хрватската полиција.
 
Во моментот на несреќата во автобусот имало девет патници и возачот. Автобусот го управувал 58-годишен албански државјанин.
 
На повредените им била пружена лекарска помош во болниците во Карловац и Огулин. вт/

Остани поврзан