Во Уланци крстот го фати Даниел Илиќ
- Општина Градско и Епархијата Повардарска денеска по повод празникот Богојавление–Водици организираа фрлање на крстот во реката Вардар кај село Уланци.

Велес,19 јануари 2022 (МИА) - Општина Градско и Епархијата Повардарска денеска по повод празникот Богојавление–Водици организираа фрлање на крстот во реката Вардар кај село Уланци.
По крстот скокнаа десеттина граѓани, а Даниел Илиќ го фати крстот во осветените води на Вардар.
Илиќ доби подароци од Општина Градско, Повардарска Епархија и неколку спонзори-подржувачи на настанот.
Повеќе стотини присутни на мостот на реката Вардар крај село Уланци го проследија чинот на осветување на водите и фрлањето на крстот во Општина Градско.ад/фф/