• понеделник, 18 ноември 2024

Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати

Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати

Киев, 28 март 2024 (МИА) - Во Украина, до денеска, се водат како исчезнати 50.150 лица, објави на Фејсбук заменик-началникот на националната полиција на Украина, Андриј Нијебитов.

"Војната го промени опсегот на операциите за пребарување. Пред војната, 12.292 лица се сметаа за исчезнати за сите години на независноста. Од почетокот на руската инвазија, бројот на исчезнати се зголеми за четири пати. Денеска, 50.150 луѓе се уште се водат за исчезнати", напиша Нијебитов. ссм/

фото: архива

Остани поврзан