• недела, 22 декември 2024

Во Украина киднапиран уште еден градоначалник

Во Украина киднапиран уште еден градоначалник
Киев, 17 март 2022 (МИА) - Шефот на регионалната управа во Харков, Олег Синегубов изјави дека руските сили го заробиле градоначалникот на Великобурлутска, град во областа Харков. Градоначалникот Виктор Николаевич Терешченко бил киднапиран од неговото работно место и одведен во локалната полициска станица. Синегубов истакна дека работи на ослободување на градоначалникот што е можно поскоро. - Наскоро нашите окупирани територии повторно ќе бидат наши, истакна Синегубов. ми/

Остани поврзан