Во Турција 4.789 новозаразени од коронавирус, вкупно околу 57.000
- Во Турција денеска се потврдени уште 4.789 случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број достигна 56.956 лица.
Истанбул, 12 април 2020 (МИА) - Во Турција денеска се потврдени уште 4.789 случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број достигна 56.956 лица.
Вкупниот број починати, со новите 97, изнесува 1.198 лица, изјави министерот за здравство Фахретин Коча.
Досега се излекувани 3.446 пациенти. За 24 часа се тестирани 35.000 луѓе. паг/