Во тунелот кај Катланово се судриле камион и мотоцикл, едно лице починало, сообраќајот во целосен прекин
- Во МВР попладнево, во 16:55 часот, било пријавено дека во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички.

Скопје, 26 јуни 2023 (МИА) - Во МВР попладнево, во 16:55 часот, било пријавено дека во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички.
Како што велат за МИА од МВР, според првичните информации, едно лице, кое се превезувало на мотоциклот, починало, а другото, кое исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентниот центар Скопје.
Автопатот Велес - Скопје, кај тунелот, е целосно затворен за сообраќај. Возилата се пренасочуваат од клучката Велес кон Свети Николе, кон автопатот Штип - Скопје. мч/дма/
фото: МИА архива