• среда, 15 мај 2024

Во Торонто веруваат дека Кришито ќе биде пример за младите

Во Торонто веруваат дека Кришито ќе биде пример за младите
Торонто, 30 јуни 2022 (МИА) – Канадскиот фудбалски клуб Торонто објави з апотпишување на соработка со одбранбениот играч Доменико Кришито. Главниот тренер и спортски директор на клубот, Боб Бредли, е уверен дека 35-годишниот Италијанец ќе стане пример за младите играчи. -Кришито е извонреден дефанзивец, многу добар додавач и интелигентен играч. Може да игра или како лев бек или како централен бек и ќе биде одличен пример за нашите млади играчи. Кришито се пресели во Торонто од Џенова. Во својата кариера, Доменико Кришито има настапувано и за Зенит и Јувентус. зс/

Остани поврзан