• понеделник, 29 април 2024

Во тетовскиот регион вкупно 188.329 вкупно граѓани со право на глас

Во тетовскиот регион вкупно 188.329 вкупно граѓани со право на глас

Тетово, 22 април 2024 (МИА) - Во шестте општини на тетовскиот регион  на претседателските избори можност за гласање ќе имаат 188.329 вкупно граѓани со право на глас. Своето избирачко право ќе може да го остварат на  вкупно 265 избирачки места.

Во Општина Тетово ќе гласаат 86.309 граѓани, од нив 69 се болни и изнемоштени лице, како и 96 луѓе кои се пријавиле како иселени или се на издржување намерка  притвор или затворска казна. Гласањето на територија на Тетово ќе се изврши на 117 избирачки места.

Следува Боговиње со 28.570 гласачи и 38 избирачки места. Од нив во вторник гласаат две лице во странство како и 11 поради издржување затворска казна или мерка притвор, како и 25 како и болни и изнемоштени.

Во Желино општинска изборна комисија има евидентирано 25.132 гласачи, избирачки места има  35.  Нема пријавени гласачи на ден пред избори.

Општина Теарце брои 22421 гласачи на 30 избирачки места. Од нив ќе гласаат 8 како болни и изнемоштени лице, а 50 се раселени.

Во Брвеница има 24 избирачки места каде ќе може да гласаат 15.897 граѓани. Од нив 15 гласаат ден порано поради болест или изнемоштеност, додека 9 лица тоа ќе го направат во казнено-поправните установи.

Најмалку гласачи има во општина Јегуновце каде се регистрирани точно 10.000 гласачи и 21 избирачко место. Од избирачите 51 се пријавиле да гласаат еден ден порано. aс/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан