• вторник, 18 јуни 2024

Во Тетово хуманитарен настан „Етно вешта жена“ за собирање средства за ученици со попреченост

Во Тетово хуманитарен настан „Етно вешта жена“ за собирање средства за ученици со попреченост

Тетово, 19 ноември 2023 (МИА) - Жените членки на мултикултурната организација „Вешта жена“ од Тетово подготвија традиционални етно јадења кои се продаваа на денешниот хуманитарниот настан.

Целта на собирањето на средствата е да се организира новогодишна забава за децата со попреченост кои учат во тетовските училишта.

- Оваа година одбележуваме 20 години Етно вешта жена, а посебен повод е Денот на ослободување на градот Тетово. Вештите жени подготвија традиционални јадења, како кајмачиња, назлифатми, баклави и слично. Сето се продаваше пред гостите кои дојдоа на денешната забава со цел да соберат средства да организираме уште еден новогодишен настан за децата и ученици со попреченост, изјави Снежана Стојановска од Вешта жена.

Вакво настан се организираше и вчера во Гостивар. ас/цр

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан