• четврток, 26 март 2026

Во Тетово се врши тестирање на 57 приватни специјализанти кои ќе се вработат во јавни здравствени установи

Во Тетово се врши тестирање на 57 приватни специјализанти кои ќе се вработат во јавни здравствени установи

Тетово, 5 мај 2025 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска на Медицинскиот факултет во Тетово го посети тестирањето на лекари кои специјализацијата ја поминале во приватни болници, а се пријавени за вработување во јавните здравствени установи. Според министерот, од 57 пријавени за тестирање, 43 се од Тетово, а 14 за Гостивар.

- Да кажам дека со новата систематизација во Тетово има 28 места меѓутоа конкурирале повеќе специјализанти, бидејќи имаше конкурс за приватни специјализации во јануари или февруари 2025 година. Меѓутоа, комисијата се надевам ќе го има предвид и ќе ги вработи тие што се на специјализација во петта, четврта, трета или втора година, изјави Таравари.

Тестирањата продолжуваат оваа недела, во среда во Штип и потоа во Битола.

-Така да ги заокружуваме првите 300 приватни специјализанти кои што ќе дадат свој придонес и ќе бидат вработени во јавните здравствени установи. Им посакав и на комисиите и на кандидатите што подобро и што поуспешно да поминат на тестот што поскоро да ги земат решенијата за работа, истакна Таравари.

Според министерот за здравство, за сите 300 ќе има решенија за работа на што ќе му претходи тестирањето и анкетирањето, како редовна законска процедура. ас/цр

фото: МИА 

 

Остани поврзан