Во Тетово потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство и Универзитетот на Југоисточна Европа
- Со овој меморандум на Министерство за здравство и Универзитет на Југоисточна Европа се воспоставува и унапредува институционалната соработка со цел поддршка на процесот на дигитална трансформација и модернизација на здравствениот систем во државата.
Тетово, 5 март 2026 (МИА) - Министерот за здравство Азир Алиу и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) проф. д-р Садудин Ибраими, денеска во Тетово потпишаа заеднички Меморандум за соработка меѓу двете институции.
Со овој меморандум на Министерство за здравство и Универзитет на Југоисточна Европа се воспоставува и унапредува институционалната соработка со цел поддршка на процесот на дигитална трансформација и модернизација на здравствениот систем во државата.

- Со ова партнерство ја потврдуваме заедничката заложба за унапредување на квалитетот, ефикасноста и ефективноста на здравствените услуги, преку интегрирање на академското знаење и институционалните капацитети во интерес на граѓаните, истакна при потпишувањето министерот Алиу.
Според министерот, соработката предвидува размена на знаења и искуства, реализација на научно-истражувачки и апликативни проекти, едукација и стручно усовршување на кадри, како и заеднички активности во областа на примената на информатичките науки и современите технологии во здравството. ас/са/
фото: Министерство за здравство