• недела, 12 мај 2024

Во тек спасувачка акција на Галичица за холандскиот параглајдерист

Во тек спасувачка акција на Галичица за холандскиот параглајдерист

Скопје, 2 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасителите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад попладнево се веќе на планината Галичица и интервенираат за спасување на тешко повредениот холандски параглајдерист.

Од МВР потврдуваат дека спасувачката акција е во тек, но повеќе информации најавуваат по завршувањето на активностите.

Во попладневните часови било пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината. 

Спасувачката акција за параглајдеристот претходно ја најави и Центарот за управување со кризи (ЦУК). мч//лв/

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан