• петок, 22 ноември 2024

Во тек реконструкција и опремување на задружен Дом во кумановкото село Пчиња

Во тек реконструкција и опремување на задружен Дом во кумановкото село Пчиња
Куманово, 21 мај 2022 (МИА) - Интензивно се спроведува реконструкцијата на објектот на задружниот дом во кумановското село Пчиња, информираа денеска надлежните од општината. Проектот се реализира преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион во партнерство со историски музеј од Дупница, по програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, заедно со ЕУ и Министерство за локална самоуправа. - Во тек е реконструкција и опремување на задружен Дом во село Пчиња, објект од двесте метри квадратни кој беше руиниран, а кој треба да прерасне во туристичко-промотивен центар на Бислимската Клисура, како дел од проектот „Светлина од минатото“. На приземјето ќе се сместат инфоцентарот за посетители (мапи за движење низ клисурата, информации за туристички услуги кои се нудат), галериски простор за презентација на културно и природно наследство, додека на катот се наоѓаат вториот кат ќе има канцеларии – административен простор на објектот, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Проектот, лани во јуни го промовираа претставниците на општината и на Министерството за локална самоуправа. Со реализацијата се очекува општината и регионот, значително да ги збогатат содржините на локалитетот Бислимска клисура, кој прераснува во туристичка атракција. За реконструкцијата, како што тогаш информираа надлежните одвоени се 131.000 евра. Бислимската клисура, иако мала по должина од само седум километри стана вистинска атракција за домашни и странски гости. Сместена е на околу пет километри од Куманово од вливот на Кумановска река до селото Пчиња. На овој простор егзистираат преку 1.100 растителни видови на виши растенија, големо богатство на нижи растенија. Мистичното место за кое се врзуваат бројни легенди стана викенд хит дестинација за младите и рекреативците за време на пандемијата, а сега е често посетувана од домашни и странски гости и особено од љубителите на адреналински спортови. ам/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан