• петок, 26 јули 2024

Во тек пријавувањето за планинарскиот марш „Голак 2023“

Во тек пријавувањето за планинарскиот марш „Голак 2023“

Делчево, 12 септември 2023 (МИА) - Во Делчево во тек се подготовките за традиционалниот планинарски марш „Голак 2023″ кој по деветти пат ќе се одржи во организација на планинарскиот-спортски клуб „Голак”. Како што информираше Љупчо Чучуковски", претседател на ПСК „Голак", во тек е пријавување за учество на маршот.
 
-Традиционалниот марш ќе се одржи на 17 септември 2023 година (недела). Сите заинтересирани своето учество можат да се пријават најдоцна до четврток (14.09.2022) кај претседателот на клубот Љупчо Чучуковски на телефон 070/605-137 или на емаил адресата psdgolakdelchevo@yahoo.com, информираше Чучуковски.

Планинарски марш како што додаде ќе биде во должина од 12 километри.

-Патеката започнува од градот Делчево низ повеќе месности се до врвот Мала Чавка на 1538 м.н.в. минува низ дабова, габерова и борова шума. Искачувањето и спуштањето трае околу 5 часа, патеката е маркирана и добро позната на организаторот, додаде Чучуковски.

Планинарскиот-спортски клуб „Голак” од Делчево, маршот го организира во соработка со Федерацијата за планинарство и Општина Делчево.вс/лв/

 

Остани поврзан