Во тек е пријавувањето за планинарскиот марш Голак 2024
- Во Делчево во тек е пријавувањето за Јубилејниот 10-ти планинарски марш Голак 2024. Настанот е во организација на Планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево во соработка со Брегал ДОО, Федерацијата за планинарство и Општина Делчево, а ќе се одржи на 8 септември 2024 година.
Делчево, 2 септември 2024 (МИА) - Во Делчево во тек е пријавувањето за Јубилејниот 10-ти планинарски марш Голак 2024. Настанот е во организација на Планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево во соработка со Брегал ДОО, Федерацијата за планинарство и Општина Делчево, а ќе се одржи на 8 септември 2024 година.
-На ден 8 септември 2024 година (недела), го организираме 10-тиот јубилеен планинарски марш до Голак. Почетната точка на маршот е од Општина Делчево, а крајната цел е врв Мала Чавка на планината Голак кој се наоѓа на 1508 метри надморска висина. Патеката на движење е со висинска разлика околу 1000 метри и се искачува за 3 часа и 30 минути, а се слегува за 2 часа, информираше претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски.
Должината на маршрутата во двата правци изнесува 24 километри.
-Можно е патеката да биде променета по обратен редослед, поради поубав панорамски поглед кон градот Делчево и пијанечката котлина. Истата е маркирана и добро позната на организаторот бидејќи е помината многу пати. Се минува низ дабова, габерова и борова шума, додава Чучуковски.
Пријавувањето за учество е на телефон 070/ 605-137 кај претседателот на клубот Љупчо Чучуковски или на е-маил адресата: psdgolakdelchevo@yahoo.com, најдоцна до четврток, 05.09.2024 година. вс/вј/
Фото: ПСК Голак