• четврток, 04 декември 2025

Во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната година 2024/2025 година 

Во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната година 2024/2025 година 

Скопје, 30 мај 2025 (МИА) - Во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2024/2025 година, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди - за првиот мерен период во текот на декември, за вториот мерен период во февруари, за третиот мерен период во мај и за четвртиот мерен период - во текот на јули во тековната календарска година. хс/ цр

Фото: Министерството за социјална политика, демографија и млади

 

Остани поврзан