• петок, 22 ноември 2024

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Скопје, 5 октомври 2023 ( МИА) - Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска почнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември.

-Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка од денеска ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, се наведува во соопштението.

За оние кои немаат дебитни картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во филијалите и експозитурите на банките. љм/бак/

Фото: МТСП

 

Остани поврзан