• петок, 05 декември 2025

Во тек е акција за извлекување на две лица од Мавровско Езеро 

Во тек е акција за извлекување на две лица од Мавровско Езеро 

Гостивар, 15 март 2025 (МИА) - Екипи на МВР и ренџерската служба на НП "Маврово" и локални жители се обидуваат да извлечат две лица од Мавровско Езеро. Според првичните сознанија тие претпладнево со чамец се движеле низ езерото и во еден момент налет на ветер им го превртел пловилото и тие се нашле во водата.

Тие најверојатно успеале да се одржат на површината и се држат за чамецот и почнале да бараат помош.

Нивното извлекување е отежнато заради неповолните услови, кои ги создаваат брановите и ветерот. Од полицијата потврдија дека повик за помош е примен и дека е организирана акција.

Од ЦУК информираа дека е побарана хеликоптерска поддршка и помош од полициските специјалци и веќе се упатени на местото. згм/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан