• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во тек аманадманската расправа за ребалансот, Јанкуловски апелира предлагачите да не изнесуваат тези за наводно дискриминирање на општините

Во тек аманадманската расправа за ребалансот, Јанкуловски апелира предлагачите да не изнесуваат тези за наводно дискриминирање на општините

Скопје, 8 јули 2025 (МИА) - Собраниската Комисија за финансирање и буџет претпладнево ја продолжи расправата по амандманите на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година.

Во текот на претресот во кој ниту еден амандман не беше прифатен, заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски им порача на предлагачите да не изнесуваат тези дека се врши некаква дискриминација врз општините, зашто целта на Владата е, напомена, сите сфери во државата да бидат поддржани.

-Нашата цел е сите дејности во државата да бидат обезбедени: образование, земјоделство, полиција, здравство, екологија,... Да не обвинувате дека правиме селекција или дека и даваме предност на една општина во однос на друга, истакна Јанкуловски, потсетувајќи дека со двата јавни повика за општините се обезбедени пари со најголем обем досега во историјата на Македонија. 

Реагирајќи на амандамните што беа отфрлени, Елми Азири од Алијанса за Албанците рече дека ребалансот е социјален, политички и повеќе финансиски од економски, со селективни инвестиции за локалните избори.

-Граѓаните немаат потреба од ребалансот и од распределбата на овие средства. Во една година Владата зема заеми, еднаш милијарада, втор пат шест милијарди евра, а граѓаните имаат потреба од финансирање на нивните елементарни потреби. Овој ребаланс е школски пример како се прави распредeлба на средства по политички, партиски и етнички критериуми и по основ на бизнис интереси, оцени Азири.

Расправата по ребалансот во Комисијата за финансирање и буџет почна на 2 јули, а треба да трае десет дена. мч/дма/

фото: принт скрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан