• сабота, 31 јануари 2026

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Скопје, 31 јануари 2026 (МИА) - Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата - над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.

Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. хс/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан