• среда, 18 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во текот на вчерашниот ден констатирани 706 сообраќајни прекршоци 

Во текот на вчерашниот ден констатирани 706 сообраќајни прекршоци 

Скопје, 13 март 2025 (МИА) - Сообраќајната полиција вчера во рамки на контролите што ги презема на територија на државата издала вкупно 706 платни налози за сообраќајни прекршоци.

-Од изречените прекршочни санкции повторно најголемиот број изречени прекршоци против возачи 183 се однесуваат на непрописно паркирање, а 133 се однесуваат на непочитување на брзината на движење. Потоа по основ на непоседување на возачка дозвола изречени се 74 прекршоци, 89 се прекршоци за некористење на сигурносен појас, 15 за неносење заштитен шлем, а 31 прекршок за говорење на мобилен телефон при возење, информираат денеска од МВР. 

Вчера само девет пешаци добиле прекршочни платни налози за разлика од завчера кога дури 209 пешаци биле казнети.

Исто така, во рамки на контролите, во седум случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, а исто толку возачи управувале возило со недозволено ниво на алкохол во крвта. Согласно Законот за возила, пак, евидентирани се и 21 нерегистирано возило, како и осум возила кои што биле технички неисправни. сст/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан